Дома Трансфер зона Диего Коста заминува од Челзи – не бил среќен во Лондон!

Диего Коста заминува од Челзи – не бил среќен во Лондон!

Најдобриот стрелец на Челзи Диего Коста вели дека тој не е задоволен со животот во Лондон и навести дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Диего Коста уште во јануари сакаше да го напушти Челзи и да се пресели во Кина за плата од околу 700.000 евра неделно, но „сините“ ја одбија понудата.

Англиски „Дејли Мирор“ пишува дека Кинезите на лето повторно ќе се обидат да го реализираат трансферот.

„Среќен сум во Челзи, но не можам тоа да го речам и за животот во Лондон. Ова е нешто сосема различно и нема врска едно со друго. Челзи многу ми даде, сум во екипа која победува и тоа многу мотивира, но ќе видиме каква ќе биде мојата судбина“, изјави шпанскиот репрезентативец.

Лидерот во премиер лига веќе има најдено замена за евентуалното заминување на Коста, а тоа е Ромелу Лукаку од Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…