Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: Градиме тим од „нула“, на Раул да создаде систем му беа потребни четири години

Дибиров: Градиме тим од „нула“, на Раул да создаде систем му беа потребни четири години

Вардар утре го започнува фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата кој се игра во Задар, а противник ќе биде екипата на Загреб.

Тимур Дибиров кој е еден од „староседелците“ не го гледа Вардар како фаворит на овој турнир и потенцираше дека Раул да изгради тим му беа потребни четири години, а кога дошол Парондо тимот веќе имал систем. Сега е се поинаку тимот се гради од почеток.

„Во споредба со претходните фајнл-фор турнири сега не мислиме дека сме аутсајдери или фаворити. Ситуацијата е поинаква, имаме 10 нови играчи и тие се уште не се вклопиле во тимот, тоа тешко оди. На Раул му беа потребни четири години, кога дојде Роберто веќе имавме систем кој функционира, тогаш менуваш еден играч и продолжуваш. Сега е сменет цел тим и почнуваме од нула. Очекувам подобри настапи од нас во вториот дел од сезоната, имаме цели и сакаме да ги оствариме“.

И Загреб е во слична ситуација како и Вардар.

„Сега доаѓа полуфиналето со Загреб, мора да одиме чекор по чекор, да бидеме подобри во секој нов натпревар. Загреб е во слична ситуација како нас, променија тренер, го променија костурот на тимот…Ова е натпревар на две екипи кои го бараат своето ново лице, ќе видиме кој побрзо и подобро се припремил“, изјави Дибиров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Борец не заслужи да изгуби, но Шкендија ги однесе трите бода од „Зоран Паунов“ 🎥

Во рамките од 15. коло во македонската прва лига денес играа Борец и Шкендија. Натпреварот…