Пауло Дибала е во центарот на вниманието во последно време, но не поради игрите на теренот туку поради шпекулациите кои го поврзуваат со Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми пренесоа дека Флорентино Перез веќе го има договорено талентираниот Аргентинец и е спремен да оспрати неверојатна понуда од 105 милиони евра.
„Нема никаква понуда, јас немам зборувано со никого за било каква понуда. Навистина сум многу среќен во Јувентус и мојот агент ќе пристигне тука во наредните неколку дена за да дискутира за продолжување на соработката“, изјави Дибала.
„Јас размислувам само за Јувентус, а на крајот одлуката паѓа кај мене. Тоа е најважното што треба да го знаат фановите, но и сите во јавноста“, додаде Дибала јасно алудирајќи дека не планира да ја промени средината во блиска иднина.