Дома Фудбал Италија Дибала го шокира Јувентус

Дибала го шокира Јувентус

Агентот на Дибала пред еден месец допатува од Аргентина за да преговара со директорот на Јувентус, но се вратил во татковината без постигнат договор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дибала има договор со Јувентус до 2022 година и Јувентус од поодамна започна преговори за продолжување на соработката, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик.

Дибала моментално заработува 7,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор бара значително зголемување, односно 15 милиони евра по сезона.

„Старата дама“ смета дека таа сума е превисока и му нуди Аргентинецот 10 милиони евра годишно, па двете страни се далеку од договор.

Доколку Дибала не го продолжи договорот до крајот на сезоната на лето сигурно ќе биде продаден бидејќи ќе влезе во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…