Дома Фудбал Останато Де Јонг си ја „отвори душата“: Некој во Барселона сакаше да ме избрка!

Де Јонг си ја „отвори душата“: Некој во Барселона сакаше да ме избрка!

Френки де Јонг го искористи престојот во репрезентацијата во Катар да си ја отвори душата за холандските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За холандскиот „Телеграф“ откри дека Барселона летово го притискала да си замине, но тој не ја прифаќал таквата одлука.

„Многу сум среќен во Барселона, особено кога играм. Исто така, животот во Барселона е совршен за мене. Се гледам себеси во Барселона што е можно подолго, барем осум до 10 години, тоа е моја лична желба“, Де рече Јонг.

Отворено зборуваше против управата на Барселона.

„За таквата ситуација ги обвинувам луѓето кои ме сакаа надвор од клубот, но јас немам ништо со нив. Да, тие се Барса, бидејќи тие го водат клубот, но јас не ги гледам кога сум во клубот. Немам никаква врска со нив во животот.

Еден ден беа објавени деталите од мојот договор, тоа јас не го направив, значи мора да е некој од другата страна.

Тогаш одеднаш се отвори и прашањето дали мојот договор е важечки затоа што е потпишан со претходниот претседател. Тоа многу ме вознемири, но не дозволив да влијае на мојата желба да останам“, истакна Де Јонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тери тврди дека скоро половина од избраните фудбалери на Англија не се подготвени за Светското првенство

ЏОН ТЕРИ остро ја критикуваше репрезентацијата на Англија која ја избра селекторот Томас Т…