Дома Фудбал Останато Де Роси шест месеци откако потпиша за Бока стави крај на кариерата

Де Роси шест месеци откако потпиша за Бока стави крај на кариерата

Легендата на италијанскиот фудбал Даниеле Де Роси во последното лето после 18 години ја напушти Рома и потпиша со аргентинскиот прволигаш Бока Јуниорс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа кратко траеше авантурата на Де Роси во Бока, италијанскиот ветеран си заминува после само шест месеци и ќе стави крај на кариерата.

„Не станува збор за повреда. Сакам да бидам повеќе со своето семејство, ми недостасуваат. Голем дел од пријателите се обидуваа да ме спречат, но јас одлучив да го направам тоа. Тука бев кратко, но Буенос Аирес останува во моето срце, ова беше уникатно задоволство“, изјави 36 годишниот Де Роси.

Де Роси претходно најави дека ќе остане во фудбалот и ќе биде тренер на јуниорскиот тим на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал продаде еден од хероите во освојувањето на титулата

Арсенал договори продажба на белгискиот напаѓач Леандро Тросард на турски Бешикташ. Овој 3…