
Легендариот фудбалер на Рома Даниеле Де Роси беше приморан да одбие три понуди од Серија А.
Фиорентина, Кротоне и Каљари се клубовите кои сакаа да го доведат Де Роси на клупата, но поранешниот фудбалер морал да ги одбие нивните понуди.
Имено, Де Роси се уште ја нема потребната тренерска лиценца затоа што не го завршил курсот на УЕФА за Б-А лиценца во Конверциано.
Курсевите констатно се одложуваат поради делот на семинарот кој се однесува на работата на терен, а причината е ситуацијата со коронавирусот.
За тренирање во Серија А потребна е УЕФА про лиценца чиј курс секоја година почнува во септември, но оние кои сакаат да се запишат мораат да го имаат положено претходното ниво најмалку осум месеци претходно.