Легендарниот играч на Рома, Даниеле де Роси ова лето имал прилика да го напушти Рим и да се пресели во Јувентус, но експресно ја одбил понудата.
Имено, Де Роси е еден од најплатените фудбалери во Серија А со годишна плата од 6,5 милиони евра, но има само уште една година договор со римскиот клуб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Јувентус ова лето му понудил исто толкава плата и договор на две години, но Де Роси веднаш ја одбил таа понуда бидејќи сака да и биде верен на „волчицата“.
Де Роси целата своја кариера ја помина во дресот на Рома и неодамна истакна дека тука сака да ја заврши кариерата.