Дома Фудбал Де Лихт: Има голема разлика во тренизите во Италија и Германија

Де Лихт: Има голема разлика во тренизите во Италија и Германија

Матијас де Лихт ова лето го напушти Јувентус и се пресели во Баерн Минхен, а синоќа со својот тим играше против стариот ривал Интер во Милано.

Баварците остварија лесна победа од 2:0, а Де Лихт по мечот изјави дека има голема разлика во тренинг рутините во двете земји.

„Двата тренинг режима во Италија и Германија се тешки, но многу различни. Во Италија се е околу тактиката и системот, има помалку интензитет и пред се, помалку спринтање. Во Германија тренинг рутината е многу трчање и интензитет. Ми беше тешко на почетокот, бидејќи не бев навикнат на таков интензитет каков што практикуваат во Баерн, но сега веќе сум во врвна форма“, изјави Холанѓанецот.

„Ова беше добар меч, коректен од наша страна. Не беше перфектно добро, но беше доволно. Ја игравме нашата игра, го ставивме Интер под притисок и го добивме резултатот кој го сакавме“, додаде Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повторно гледа кон Тотенхем: Удоџи е опција за јануари

Дестини Удоџи е меѓу решенијата за левата бековска позиција во Јувентус, а евентуален тран…