Дома Фудбал Де Ла Фуенте за Јамал: Имаме среќа што е Шпанец!

Де Ла Фуенте за Јамал: Имаме среќа што е Шпанец!

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте беше воодушевен од настапот на Ламин Јамал во полуфиналето против Франција.

Шпанскиот селектор не штедеше пофалби за младиот фудбалер кој на ден пред финалето ќе наполни 17 години.

Јамал сруши бројни рекорди (ТУКА), а Де Ла Фуенте освен што изрази воодушевување му порача и дека треба да остане присебен.

„Гледавме вистински генијалец – гениј! Мораме да продолжиме да работиме и да го држиме на земја. Имаме среќа што е Шпанец и ќе уживаме во неговата игра уште многу години. Сега имаме тим со многу сегашност и иднина“, изјави Де Ла Фуенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…