Дома Фудбал Де Лаурентис има нов фаворит за тренер на Наполи

Де Лаурентис има нов фаворит за тренер на Наполи

Ремито на Наполи со Фросиноне е уште еден болен резултат во лошата сезона на минатогодишниот шампион. Првиот човек, Аурелио де Лаурентис веќе е во потрага по нов тренер.

Како нова сериозна опција се појави, Џанпјеро Гасперини, кој е во конкуренција на Антонио Конте, Стеан Пиоли и Винченцо Италијано, пишува „Коријере дело спорт“.

Гасперини во својата кариера два пати беше на клупата на Кротоне, Џенова и Палермо, накратко го водеше Интер во 2011 година, додека на клупата на Аталанта е од 2016 година.

Антонио Конте е првата желба, веќе баран во октомври. Тој и Гасперини се одликуваат со тактиката со тројца во одбраната. Винченцо Италијано и Стефано Пиоли го форсираат системот со квартет позади, што ги прави поразлични.

Како и да е останува наредниот период да видиме за што ќе се одлучи Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енрике им симна капа на римјаните: Рома може до титулата, не ја сакам повторно за ривал!

По ремито 2-2 во Париз, тренерот на ПСЖ призна дека неговиот тим можел и да загуби, а на Р…