Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Де Брујне нарече новинар „глупав“, па доби одговор 🎥

Де Брујне нарече новинар „глупав“, па доби одговор 🎥

Репрезентацијата на Белгија со вчерашниот пораз од Франција својот настап на Европското првенство го заврши во осминафиналето. Французите победија со еден несреќен автогол на Вертонген во 86. минута.

Кевин Де Брујне кој не можеше да потврди дека и понатаму ќе игра за репрезентација (ТУКА) на прес-конференцијата влезе и во расправија со италијанскиот новинар, Танкреди Палмери.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Зошто златна генерација на Белгија кога не освои ништо?“, го праша Палмери.

Де Брујне одговори.

„Сакаш да кажеше дека Франција, Англија, Шпанија или Германии немаат златни генерации? Во ред благодарам“.

Кога тргна кон соблекувалната Де Брујне гласно искоментира и „глупав“. Палмери тоа го слушна, па не му остана должен.

„Еј Кевин, потсетување за тебе: Сите генерации што ги спомна – од Франција, Англија, Германија, Шпанија…сите играле финале. Типичен фудбалер кој сака само прашања кои го фаворизираат. Разгалено детиште“, порача Палмери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Почина поранешна фудбалерка на Арсенал и Челзи по долга и тешка болест

Ејми Кер, поранешната играчка на Челзи и Арсенал, почина на 35 години по борба со тумор. К…