Дома Кошарка Дејвис ја одби понудата на Лејкерси за нов договор

Дејвис ја одби понудата на Лејкерси за нов договор

Eнтони Дејвис би можел да си замине од Лејкерси после само една сезона.

Откако ја освоија титулата во НБА лигата Лејкерси можат да останат без една од своите суперѕвезди. Ова секако би било тежок удар за Лејкерси ако се знае дека покрај Леброн, Дејвис имаше големи заслуги за шампионската титула.

Дејвис имаше опција да игра уште една година за Лејкерси, односно да потпише договор за уште една година за плата од 28.7 милиони долари. Сепак, тој ја одби таквата понуда.

Останува да се види дали Лејкерси ќе достават нова понуда за Дејвис бидејќи тешко е да се верува дека ќе си дозволат по само една сезона да останат без толку важен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Рилски ја активира клаузулата за Сила, ТФТ пред договор со Саного

Секу Сила заминува во Бугарија по осум натпревари со извонредни бројки за ТФТ. Клубот од Т…