Дома Фудбал Италија Дејан Станковиќ се враќа во Интер

Дејан Станковиќ се враќа во Интер

Еден од најважните фудбалери во историјата на Интер се враќа во клубот, пишува денешното издание на „Кориере дело Спорт“.

Човекот кој во сино-црниот дрес во 2010 година освои Триплета во последните години работеше во УЕФА како дел од тимот на Чеферин, а сега изгледа дојде време да ја промени работата.

Станковиќ пишуваше историја ви Интер и сега изгледа ќе се врати во овој клуб во младинските категории. Тој би требало да работи со децата во школата на Интер од 15 до 19 години.

Според италијанските медиуми Станковиќ треба да се врати на „Џузепе Меаца“ во наредните неколку недели. Преостанува само да му се дефинира улогата.

После завршувањето на кариерата Станковиќ се проба и како тренер. Беше помошник на Андреа Страмачиони, меѓутоа набрзо се префрли во УЕФА каде што работеше во последнит две години.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Карло Анчелоти пове…