После неколку изоставувања селекторот на француската репрезентација овој пат ја повика ѕвездата на Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Галските“ петли во ноевмри ќе ги одмерат силите со репрезентациите на Велс и Германија, а Дидие Дешам кој неодамна го продолжи договорот со ФС Фрацнија во репрезентацијата го повика и Ентони Марсијал.
Бензема повторно го нема во репрезентација, додека прв пат повик добија Стивен Нзози и Бенжаман Павар од Штудгарт.
Повик доби триото на Арсенал, Кошчелни, Лаказет и Жиру, како и Муса Сисоко од Тотенхем кој се повеќе игра кај Маурисио Покетино. Го нема и Хуго Лорис кој ќе ги пропушти овие натпревари поради повреда.
Голмани: Ареола, Костил, Манданда
Одбрана: Диње, Жале, Кошчелни, Кимбапме, Курозава, Павар, Умтити, Варан.
Среден ред: Матуиди, Нзози, Рабио, Сисоко, Толисо
Напад: Коман, Фекир, Жиру, Гризман, Лаказет, Марсијал, Мбапе.