Дома Фудбал Италија „Детето на Јувентус“ утре ќе објави – пензионирање!

„Детето на Јувентус“ утре ќе објави – пензионирање!

Клаудио Маркизио кој некогаш важеше за голем потенцијал на Јувентус утре ќе одржи прес-конференција во просториите на неговиот клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сега италијанските медиуми откриваат што Маркизио ќе соопшти на таа конференција.

Маркизио од кога го напушти Зенит е слободен фудбалер се поврзуваше со неколку клубови, но не пронајде ангажман и сега медиумите најавуваат дека Маркизио утре ќе објави дека се пензионира од професионалното играње фудбал.

Во својата кариера за Јувентус Маркизио одигра 389 натпревари, а во летото 2018 година го напушти клубот во договор со ракодовдството. Дресот на репрезентацијата на Италија го носеше 55 пати и пет пати се запиша во листата на стрелци.

Во Русија во Зенит помина само една сезона во која поради повредите настапи на девет натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо во чудна ситуација, може цела сезона да не загуби, а остана без титула!

Бенфика има голема можност да ја заврши сезоната во португалската лига без ниту еден пораз…