Дома Фудбал Германија Детали за хаосот во Баерн: Салихамиџиќ и Оливер Кан работеле се на „своја рака“

Детали за хаосот во Баерн: Салихамиџиќ и Оливер Кан работеле се на „своја рака“

Ули Хенес официјално во Баерн е „само“ член на Надзорниот одбор, но познавачите на германскиот фудбал добро знаат какво влијание има 71-годишникот кој во клубот е повеќе од 50 години.

Поранешниот играч, главен менаџер и претседател во два мандати се прашува за сите доаѓања и заминувања во клубот, а оние кои ќе направат пропуст без негово знаење се казнуваат со откази, тоа најдобро го почувствуваа Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.


Ниту „жешката“ Кнол не и помогна на Хрватска - домаќинот фуриозно! ↓↓↓


Тандемот спортски директор и извршен директор доби откази по освојувањето на титулата, а Хенес сега откри дека една од главните причини бил отказот кој му го спремиле на Нагелсман. Според неговите зборови Оливер Кан и Салихамиџиќ сами одлучиле да го отпуштат Нагелсман и не известиле никој друг.

„Неверојатно е, но ниту јас, ниту претседателот Херберт Хаинер не знаевме дека се спрема отказ за тренерот Јулијан Нагелсман. Тоа е неприфатливо. На еден ден пред Нагелсман да биде отпуштен, Салихамиџиќ дојде и ми кажа: „Сакаме тоа да го направиме и донесовме одлука“. Значи, тој и Оливер без знаење и консултација на луѓето од врвот на клубот сами си одлучиле“, зборуваше Хенес.

Тој не бил за тоа Нагелсман да биде отпуштен.

„Свесен бев дека треба да бидеме критични кон Нагелсман поради лошите резултати, но да го отпуштите тренерот на десет дена пред дербито во првенството со Борусија е погрешно. Второ, ако баш инсистираш на отказ за тренерот мораш да ги известиш сите претпоставени, се да биде конкретно и дискретно“, смета Хенес.

Новинарите први дознале, дури и пред Нагелсман. Сепак, истакнува дека не смеел да биде на скијање додека Баерн има лоши резултати.

„За жал тоа беше еднострана одлука на кој никој од врвот на клубот немаше влијание, стигна до сите прерано. Но, морам да кажам дека Нагелсман не смееше да биде на скијање при поразите на Баерн“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реми меѓу Швајцарија и Шкотска

Шкотска и Швајцарција вечерва одиграа реми без победник 1:1, па Швајцарците со ова реми ст…