Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Звездо покажи дека си подобра!

Дерби на денот: Звездо покажи дека си подобра!

0
дерби на денот

Денес на програмата е реванш натпреварот од третото коло за квалификациите за ЛШ помеѓу Спартак од Трнава и Црвена Звезда.  

Првиот натпревар заврши нерешено, а реално тоа беше и изненадување бидејќи Звезда беше голем фаворит. Сепак гостите со дисцплинирана и организирана игра однесоа одличен резултат.

Спартак Трнава: Може ли тимот од Трнава до историски пласман во плејоф од ЛШ?

Радослав Латал го надмудри Владан Милојевиќ во првиот дуел на Црвена звезда и Спартак од Трнава, така што ги затвори Немања Радоњиќ и Ел Фардуа Бена по страните, а Лоренца Ебисилја во средината со агресивна игра оневозможни црвено-белите да изведат организирани акции. Просторот е оставен на штоперите и на Бранко Јовиќ, кој не се снајдоа баш најдобро како кретивци, бидејќи тоа не им е примарна задача. Таквата тактика на гостите им донесе задоволувачки резултат од 1:1. Она што би можело да биде важен детал е фактот дека стадионот на домаќините е во катастрофална состојба, а тоа може да им одговара само на домаќините.

Црвена Звезда: Звездо, покажи дека си подобра!

Реми резултатот од првиот натпревар одговара повеќе на Трнава, но тоа не е по ничија вина. Сепак Звезда докажа дека има технички обучени фудбалери, играа за победа, но тоа не беше лесно против Словаците кои се затворија и чекаа шанса. Звезда на некој начин се навикна да игра натпревари под притисок во Европа во последните година дена. Така беше пред натпреварот со Краснодар кој тимот од Белград го одведе во Лига Европа, па после Келн, Звезда дочека европска пролет после цели 25 години. Што се однесува до составот, тренрот може да смета на сите фудбалери освен на Кафу кој не е лиценциран за овој натпревар.


Следете го Sportski.mk и на


Наш предлог

Нема овде некој големи филозофии околу тоа што да се изигра на овој натпревар. Звезда е поквалитетен тим и тоа мора да го докаже во Трнава, иако противникот е многу дисциплиниран и организиран. Предлагаме да изиграте победа за гостите во Bet365 и за тоа ќе си добиете коефициент 2.05. Исто така, се очекува четата на Владан да започне офанзивно уште од првата минута, па така може да пробате 2/2, а за тој тип ќе си добиете коефициент 3.10 во истата обложувалница. И на крај очекуваме голови и тоа најмалку три. Изиграјте 3+ во Bet365 со кеофициент 2.34.

Изиграј го овој натпревар во Bet365

ИЗВОР: КЛАДЕЊЕ.МК

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познато кој ќе го замени Гатузо следната сезона?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гатузо најверојатно ќе биде сменет на крајот на сез…