Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дерби на денот: Еквадор и Сенегал сакаат во нокат фазата, но има само еден билет

Дерби на денот: Еквадор и Сенегал сакаат во нокат фазата, но има само еден билет


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Денес започнуваат натпреварите од последното коло во групната фаза на Мундијалот и расплетот во Групата А. Двата меча се играат во исто време, а Еквадор и Сенегал во директен дуел ќе одлучуваат за место во нокаут фазата.

Еквадор после првите две кола има четири бода, додека Сенегал има 3 бода, па ова е директен дуел за пласман во нокаут фазата. На репрезентацијата од Јужна Америка потребно и е реми, додека Сенегал мора да победи за да оди понатаму.

На Еквадор му е доволен и бод

Селекцијата на Еквадор пријатно ги изненади љубителите на фудбалот со начинот на кој игра на ова Светско првенство. Во првото коло беа супериорни над домаќинот Катар, додека против фаворитот Холандија одиграа реми, но лесно можеа да дојдат до победа. Бодот кој го освоија против „лалињата“ ги доведе во ситуација да му биде доволно и реми на овој меч, иако веруваме дека ќе одат на победа за потенцијално прво место во групата. За жал на тој дуел се повреди првата ѕвезда Енер Валенсија, па неговиот настап вечерва ќе биде под знак прашалник. Исто како и во квалификациите Еквадор покажа дека е многу тврда екипа со организирана одбрана која тешко прима голови. Меѓутоа,  на овој меч не треба да калкулираат и да одат на реми бидејќи тоа може да им се одби од глава со оглед на фактот дека Сенегал покажа дека може да биде незгоден противник. Покрај Валенсија, овој дуел сигурно ќе го пропушти и фудбалерот  на ЛА Галакси, Мендес, кој доби втор жолт картон против Холандија.

Сенегал сака да покаже зошто е шампион на Африка

Сенегал иако без првата ѕвезда, Садио Мане, сепак покажа дека има одличен тим и не е случајно шампион на Африка. Во првиот меч против Холандија играа одлично и паднаа дури во финишот, додека против Катар победија без поголеми проблеми. Сепак, Сенегал ќе мора да победи на овој меч доколку сака да оди во нокаут фазата, бидејќи не им е доволно реми. Тоа не значи дека Африканците безглаво ќе тргнат да го напаѓаат Еквадор, бидејќи покажаа дека имаат искусни поединци и се добро организирани. Сепак, доколку не дојдат до предност во првото полувреме во вториот дел ќе мора да ризикуваат повеќе, а тоа може да го казни Еквадор. Што се однесува до повредите, селекторот Сисе за овој дуел сигурно нема да може да смета на фудбалерот на Милан, Бало Туре, додека под знак прашалник е и Куате, кој одигра одлично против Холандија и токму со негово излегување следуваше падот на играта.

Очекување

Со оглед дека ова е натпревар со голем влог очекуваме тврд меч и внимателна игра на двете репрезентации. Сепак во последната третина од мечот ќе мора да има разврска и дуелот сигурно ќе се реши во тој период, бидејќи Сенегал ќе мора да ризикува, а Еквадор може да го казни тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Официјално: 37-годишник е нов селектор на Белгија!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Фудбалскиот сојуз на…