Дома Останати Кошарка Дербито и припадна на Шпанија: Србија немаше решение за расположените Шпанци!

Дербито и припадна на Шпанија: Србија немаше решение за расположените Шпанци!

Кошаркарите на Шпанија ја победија фаворизираната репрезентација на Србија и како првопласирани од групата Ј влегуваат во четвртфиналето.

Дербито на групата Ј кое ќе го одлучи понатамошниот тек на Мундијалот им припадна на Шпанците, кои во текот на целиот меч беа подобри од Србија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Првата четвртина им припадна на Србите кои на Шпанците им дозволија да постигнат само 13 коша и се здобија од предност од седум поени (13:20).

Втората четвртина беше првата катастрофална за Србија во која и дозволи на Шпанија да направи разлика. Шпанците успеаја да постигнат 32 поени и на полувреме да заминат со предност од осум поени (43-35).

Икусниот Серхио Скариоло не дозволи да испушти таква предност, па неговите избраници во второто полувреме рутински ја одржуваа предноста за на крајот да победат со 81:69.

Рубио со 19 и Клавер со 14 поени беа први стрелци кај Шпанија, додека кај Србија единствена светла точка беше Богдановиќ со 26 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пушти ѕвезда од 100 милиони, па го врати кошаркар со кој Јокиќ освои шампионски прстен

Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон. …