
Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона во зимскиот преоден рок и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.




Депај и ова лето беше на излезна врата, но сепак остана во Барселона, каде не добива голема минутажа и е во втор план.




Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓
Поради тоа сака да ја промени средината и побарал од Барселона предвремен раскин на договорот за да замина во јануари.




Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона ќе му дозволи да си замине после Мундијалот, а најсилен интерес за него покажуваат Тотенхем и Њукасл.




Двата клуба сакаат да го донесат без обештетување, па Депај најпрво треба да го раскине договорот со Барселона.