Дома Македонски спорт Мак фудбал Денковски: Шкендија е фаворит, но свесни сме што можеме – во Тетово одиме по позитивен резултат!

Денковски: Шкендија е фаворит, но свесни сме што можеме – во Тетово одиме по позитивен резултат!

По паузата поради настапите на националните тимови, Брегалница повторно се враќа на прволигашките активности со утрешното гостување против Шкендија во 14. коло од ПМФЛ.

Сосема е јасно дека составот на Марјан Секуловски го очекува повеќе од тешко гостување во Тетово. Но, по претходните позитивни изданија факт е дека низ позитивна атмосфера се очекува и предизвикот наречен Шкендија.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Младинскиот репрезентативец, незаменливиот на голот во националниот тим Давид Денковски сега се фокусира на клупските активности нагласувајќи дека е подготвен и повеќе од мотивиран за утрешниот натпревар.

„Сигурно дека сме и подготвени и мотивирани за пресметката со тим како Шкендија. Мислам дека повторно ќе се надигруваме на терен со тетовци, како што беше тоа во првиот меѓусебен дуел оваа сезона кога ремизиравме, 3-3. Знам дека не очекува квалитетен противник, актуелен шампион на Македонија кој е фаворит пред натпреварот посебно и затоа што игра на домашен терен. Но, секако ние сме свесни и за нашите можности па желбата е секако од Тетово да се вратиме со позитивен резултат“ – вели Денковски за клупскиот сајт на Брегалница.

Натпреварот меѓу Шкендија и Брегалница утре на Градскиот стадион во Тетово се игра со почеток од 13 часот.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Димоски го засили Партизан

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски ја продолжува кариерата во српскиот гигант Парт…