Дома Македонски спорт Мак фудбал Дени Илиев: Хрватска е многу квалитетна, но ние сме оптимисти

Дени Илиев: Хрватска е многу квалитетна, но ние сме оптимисти

Македонската А репрезентација го оддржа денешниот утрински тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ како подготовка за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове). 

Репрезентацијата утре ќе биде во речиси комплетен состав со приклучувањето на Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Александар Трајковски и Јани Атанасов. 


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Бојан Димоски со својот клуб Акрон Тољати на 1. јуни игра плеј-оф натпревар за влез во Првата руска лига и ќе им се приклучи на репрезентативните колеги на собирот во Хрватска. 

Нашиот репрезентативен голман, Дејан Илиев вели дека сме оптимисти во пресрет на натпреварот против Хрватска. 

– Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните кои ги одигравме. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвуваат за настап на Европското првенство, но наша обврска е да го дадеме најдоброто од себе и да веруваме во позитивен резултат. Треба да бидеме претпазливи, грешки на вакви натпревари можат многу да не чинат. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Работно во Битола: Пелистер се засили со тројца фудбалери

Oд редовите на Пелистер утрово објавија дека се потпишани договори со тројца нови фудбалер…