Дома Трансфер зона Денешниот фудбал: Постигна три гола во професионалниот фудбал и вреди 25 милиони евра

Денешниот фудбал: Постигна три гола во професионалниот фудбал и вреди 25 милиони евра

Eкипата на Борнмут води завршни преговори за доведување на младиот напаѓач од редовите на Виљареал, Николас Џексон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 22-годишен фудбалер роден во Гамбија и по потекло од Сенегал и тој би требало да претставува најголемо засилување за Борнмут оваа зима, барем ако се суди според платената оштета.

Според најавите шпанскиот клуб е спремен да плати за него сума од 25 милиони евра. Не е спорно дека Џексон ветува, но оваа сезона која е прва за него во професионалниот фудбал постигна само три гола и тоа два во Ла Лига еден во Конференциската лига.

 За да ги постигне овие три гола потребни му беа 24 натпревари, иако може да покрива повеќе позиции во нападот, сепак оваа сума изгледа како превисока, сепак во денешниот фудбал вакви работи и не треба толку да не изненадуваат.

За споредба Дано Утар кој веќе го доведе Борнмут од француски Лориен го плати 22.5 милиони евра со учинок од шест голови и исто толку асистенции во Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…