Дома Трансфер зона Дембеле спремен да остане во Бареселона, но бара бонус

Дембеле спремен да остане во Бареселона, но бара бонус

Осман Дембеле сепак може да остане во Барселона и после крајот на сезоната, пренесува каталонски „Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Дембеле истекува на крајот на сезоната и преговорите за продолжување на соработката пропаднаа, па се веруваше дека сигурно ќе замине како слободен играч на лето.

Според „Спорт“ ситуацијата е поинаква и Дембеле се уште не ја исклучува можноста да го продолжи договорот со Барселона. Тој преку своите агенти го известил клубот дека би сакал да остане на „Камп Ноу“.

Барселона сака да го задржи 24-годишниот Французин и наскоро ќе испрати нова понуда за продолжување на соработката. Проблем може да биде фактот што Дембеле сака да добие бонус при потпишување на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…