Дома Топ вести Дембеле со повредата и заштеди на Барса 10 милиони евра – Еве за што се работи!

Дембеле со повредата и заштеди на Барса 10 милиони евра – Еве за што се работи!

Интересна информација поврзана со договорот на Осман Дембеле.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Осман Дембеле ова лето го направи еден од најголемите трансфери и премина во редовите на Барселона за најголемата сума која Каталонците ја платиле во својата историја.

Вредноста на трансферот изнесуваше 105 милиони евра, а Борусија Дортмунд има прилика да добие и дополнителни 40 милиони евра.

Дембеле се повреди во натпреварот против Гетафе, ќе биде надвор од терените четири месеци, па тоа предизвика загриженост кај навивачите на овој тим.

Сепак, има и добри вести за Барселона кога во прашање е оваа повреда.

Имено, една од клазулите во договорот на Дембеле гласела, Барселона да им исплати на „милионерите“ 10 милиони евра, доколку Дембеле одигра 50 натпревари оваа сезона. Сега имајќи предвид дека фудбалерот ќе биде надвор од терените четири месеци, невозможно е да настапи на 50 натпревари, па клубот од „Ноу Камп“ ќе заштеди 10 милиони евра.

Од друга страна пак навивачите на Каталонците веруваат дека Дембеле секако би бил изоставен во помалку важните натпревари со цел Барса да ја избегне споменатата клазула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Револуција во Милан: Модриќ ги пакува куферите – ова се причините!

Милан остана без пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), откако во последното коло загуби од К…