Дома Топ вести Дембеле се договори со ПСЖ

Дембеле се договори со ПСЖ

Откако стана јасно дека преговорите меѓу Осман Дембеле и раководството на Барселона за нов договор пропаднаа, многу европски гиганти сакаат да ја искористат ситуацијата.

Дембеле во јануари одби да ја напушти Барселона, но ги одби сите понуди за продолжување на соработката, па на лето ќе замина како слободен агент.

Иако неколку европски клубови се заинтересирани за Дембеле, сепак најконкретен е Пари Сент Жермен, кој започнал преговори со агентот на Французинот.

ПСЖ во Дембеле гледа идеална замена за Мбапе, кој сигурно заминува на лето, а последните информации се дека веќе постигнале усмен договор со Французинот.

„Светците“ ги задоволиле финансиските барања на Французинот и Дембеле во наредните денови ќе стави потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…