Дома Трансфер зона Дембеле и Барселона се договорија, наскоро потпис

Дембеле и Барселона се договорија, наскоро потпис

Осман Дембеле е се поблиску од потпишување на нов договор со Барселона и недостасуваат само мали детали, пренесува каталонски „Спорт“.

Раководството на Барселона има оптимизам дека преговорите можат да завршат наскоро и Дембеле да стави потпис на нов договор. Французинот прифатил мало намалување на платата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дембеле влезе во последната година од договорот, па доколку не го продолжи договорот следното лето може да си замине без обештетување.

Французинот доживеа тешка повреда на ЕУРО, имаше операција и моментално се рехабилитира, а се очекува да се врати на терените во јануари 2022 година.

Барселона беше загрижена дека може да го загуби фудбалерот без обештетување следното лето, но последните информации се дека двете страни се блиску до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…