Дома Фудбал Дел Пјерo го критикува Влаховиќ: Не е лесно во Јувентус

Дел Пјерo го критикува Влаховиќ: Не е лесно во Јувентус

Влаховиќ пред една година пристигна во Јувентус како големо засилување за 85 милиони евра и од него се очекуваше многу.

Меѓутоа, оваа сезона Влаховиќ не ги оправдува во целост очекувањата, па почнаа да пристигнуваат критики.

Големата легенда на „бјанконерите“, Дел Пјеро отворено го критикуваше Србинот и вели дека неговиот проблем е можеби психолошки.

„Не ми се допадна како играше Влаховиќ, можеби психолошки проблем е во прашање, не знам, но мора да се земе во предвид дека секој не може да се носи со притисокот кој го носи дресот на Јувентус. Сите сме свесни дека Влаховиќ има капацитет да ги тресе мрежите повеќе од потребното“, изјави Дел Пјеро.

„Затоа не ми се допадна што во некои ситуации против Фрајбург, не се обиде да шутира. Важно е што Влаховиќ ужива доверба на тренерот на Алегри и навивачите. Неопходно е да се остане мирен и да продолжи да работи“, додаде легендата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…