Дома Фудбал Италија Дел Пиеро: Имам авторски права, Влаховиќ мора да ми плати вечера

Дел Пиеро: Имам авторски права, Влаховиќ мора да ми плати вечера

Душан Влаховиќ многу брзо стана миленик на навивачите на Јувентус, а за Влаховиќ зборуваше еден од најголемите играчи во историјата на „старата дама“, Алесандаро Дел Пиеро.

Дел Пиеро во улога на стручен коментатор за „Скај“ го пофали Србинот со зборовите дека го чека одлична кариера. Влаховиќ головите ги слави како Дел Пиеро, па новинарите ги интересираше коментар од Италијанецот на оваа тема.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Да, забележав дека така прослави и ми врати некои сеќавања од минатото“, изјави Дел Пиеро па се пошегува:

„Секако, ќе мора да ми плати оштета, имам авторски права на таа прослава. Ќе мора да ме носи на вечер и сите вас од студиото ве повикувам за сметката да биде поголема“.

Влаховиќ во Јувентус продолжи онаму каде што застана во Фиорентина и се бори за титулата најдобар стрелец во италијаското првенство, во овој момент е на 17 постигнати голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…