Дома Фудбал Две големи дербија во полуфиналето од ФА Купот

Две големи дербија во полуфиналето од ФА Купот

Клубовите од Манчестер се разминаа во ждребот за полуфиналето од ФА Купот кој се одржа денес.

Бранителот на трофејот Манчестер Сити во полуфиналето ќе ги одмери силите со Арсенал, додека Манчестер Јунајтед ќе се бори за финале против Челзи.

Вчера беа познати полуфиналистите откако Сити лесно го елиминира Њукасл, Челзи беше подобар од Лестер со 1:0,  додека Арсенал со 2:1 го победи тимот на Шефилд Јунајтед.

Претходно полуфинале обезбеди Манчестер Јунајтед, кој после продолженија успеа да го елиминира Норвич.

Полуфиналните дуели ќе се играат на „Вембли“ викендот на 18 и 19 јули, додека финалето е закажано за 1 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …