НБА легендата Двејн Вејд откри дека неговиот 12 годишен син Зион одлучил во иднина да живее како жена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вејд соопшти дека 12 годишниот Зион побарал од него и неговата сопруга во иднина да го викаат Заја.
„Зион дојде дома и ни кажа: Сакам да зборувам со вас, спремен сум да отстапам и да живеам онака како што сакам. Сакам да ми се обраќате со таа и да ме викате Заја“, откри Вејд во емисијата „Тhe Ellen Show“.
Пoтоа објасни дека тој и сопругата Габриел прифатиле.
„Улогата и обврската на родителот е да го сослуша детето и да го најде најдобриот начин да му помогне“.
Сопругата на Вејд, Габриела исто така се огласи:
„Таа е стравствена и горди сме на неа. Сакајте ги и почитувајте ги вашите деца какви и тие да се“, истакнаа сопругата на Вејд.
