Дома Останати Кошарка НБА Два одлични натпревари во НБА, се радуваа Бостон и Оклахома (ВИДЕО)

Два одлични натпревари во НБА, се радуваа Бостон и Оклахома (ВИДЕО)

Вчера во најсилната кошаркарска лига во светот беа одиграни само два натпревари и во двата видовме одлични кошарка.

Во „ТД Гарден“ Бостон го победи Лос Анџелес Клиперси после продолженија со резултат 141:133 додека во вториот натпреварот Оклахома славеше против домаќинот Њу Орлеанс со 123:118.

Селтикси и Клиперси одиграа неизвесен натпревар. Во текот на првото полувреме, ниту еден тим не направи посериозна разлика, а тоа прв пат се случи во третата четвртина кога домаќините стигнаа до плус 10. Сепак гостите кон крајот на истиот период се вратија во натпреварот и во текот на последната четвртина гледавме изедначен натпревар кој на крајот отиде во продолженија.

Во тој период домаќинот подобро се снајде и дојде до победа од 141:133. За Селтикси ова беше 38. победа ,а со оглед дека имаат и 16 порази во овој момент се наоѓаат на третата позиција на Истокот. Клиперси останаа на истото место на Западот со скор од 37:18.

Треба да се каже дека на овој натпревар имаше неколку кошаркари кои постигнаа повеќе од 30 поени. Кај Селтикси тоа беа Татум (39) и Смарт (31), додека за Клиперси бројката од над 30 поени ја надмина Вилијамс (35).

Во вториот натпревар Њу Орлеанс беа поразени на домашен терен од Оклахома со 118:123.

И ова беше прилично изедначен натпревар. Гостите имаа предност во поголемиот дел од натпреварот, но таа не беше повисока од осум поени и домаќините брзо фатија приклучок.

Пеликанси лесно го губат чекорот за плеј-офот и се наоѓаат на 11. позиција со пет бода помалку од Мемфис кој е на осмата позиција. Најефикасен на натпреварот беше Зион Вилијамсон со 32 поени, додека кај Оклахома Галинари уфрли 29 поени.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бурата во Каталонија не се стишува: Меси чека докази од Бартомеу!

Меси повторно јавно покажува незадоволство во Барселона. Хозе Марија Бартомеу се обидува д…