Дома Фудбал Два клуба обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите

Два клуба обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите

Манчестер Сити ја продолжи перфектната серија во Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион на Европа го победи Јанг Бојс со 3:0 во натпреварот од 4.коло од групната фаза. Два гола за Сити постигна Ерлинг Халанд, а еден Фил Фоден.

Сити обезбеди пласман во второто коло, а тоа го направи и Лајпциг кој на гостински терен ја совлада Црвена Звезда со 1:2.

Чави Симонс погоди во осмата минута, а во 77. Луис Опенда го зголеми резултатот на 0:2. Бенџамин Хенрикс и даде надеж на Звезда со автогол во 81. минута.

До последното коло Црвена звезда и Јанг Бојс ќе се борат за третото место кое води во Лига Европа.

Манчестер Сити и Лајпциг затоа сигурно ќе продолжат, додека ситуацијата во другите групи е се уште отворена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вила подготвува милиони за Белтран, Ривер сака да го заштити со огромна клаузула

Астон Вила размислува за понуда од 10 до 15 милиони долари за голманот на Ривер Плата, но …