Дома Македонски спорт Два клуба не се откажуваат: Спремаат понуди за Миовски

Два клуба не се откажуваат: Спремаат понуди за Миовски

Долго време се шпекулира за негов трансфер, но Бојан Миовски се уште е фудбалер на Абердин.

Според последните информации на „Дејли Мејл“ сега понуди за Македонецот подготвуваат два клуба, Саутемптон и Џенова.

Миовски веќе и ја започна сезоната со Абердин, не постигна гол, но одигра солиден натпревар во кој и ја погоди пречката.

Сумата за која Абердин би го пуштил Миовски се очекува да биде околу 6.5 милиони фунти. Претходно и Болоња се поврзуваше со Миовски, но нивниот интерес како да стивна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Три меѓународни злата го однесоа Белистојаноски до скопското признание

Матеј Белистојаноски е најдобриот спортист во изборот за наградите „13 Ноември“. Марин Док…