Вистински шок пристигна вчера за Јувентус со казната од Серија А за одземање на 15 бодови.
Ваквата казна според пишување на дел од италијанските медиуми го вклучила алармот, а фудбалерите добиле насоки да не зборуваат во медиумите на оваа тема. Некои италијански медиуми пишуваат дека Леонардо Бонучи и Данило веднаш денес побарале средба со суправата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нивната намера било да дознаат нешто повеќе и каква е нивната, но и иднината на целиот клуб. Јувентус е казнет поради лажирање на вредноста на фудбалерите во време на пандемијата со коронавирусот.
Најмногу кој се поврзува со заминување е Душан Влаховиќ кој во Јувентус дојде за да игра во клуб кој е дел од Лигата на шампионите.
Влаховиќ сега има понуди од Англија, па тоа што „старата дама“ сега е далеку од местото кое води во најелитното европско натпреварување може да биде причина за заминување.
Но, наводно тој не бил единствениот фудбалер кој сакал да си замине. Сепак, се очекува во наредните денови да се знае нешто повеќе.
ЗОШТО Е КАЗНЕТ САМО ЈУВЕНТУС, А СИТЕ ДРУГИ НЕ?