Дома Фудбал Останато Двајца од фотографијата денес се финалисти во Лигата на шампионите

Двајца од фотографијата денес се финалисти во Лигата на шампионите

По пласманот на Челзи во финалето од Лигата на шампионите на социјалните мрежи се појави една фотографија.

Имено, на фотографијата Мејсон Маунт и Кристијан Пулишиќ, денес две големи фудбалски ѕвезди на Челзи кои го елиминираа Реал Мадрид во Лигата на шампионите и кои во Истанбул ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И Маунт и Пулишиќ имаат важни луги во лондонскиот клуб, посебно Англичанецот кој и постигна гол во реваншот против Реал Мадрид.

Третиот на фотографијата е Том Чарлтон и тој немаше таква среќа, за него сигурно никогаш не сте слушнале. Четири години поминал во академијат заедно со Маунт и Пулишиќ каде и што настанала оваа фотографија. На 10 години мечтаел за првиот тим, големи натпревари, репрезентацијата…Но, денес на 21 години ги гледа своите поранешни соиграчи на ТВ, а тој игра за Херне Беј.

„Тешко е да бидам искрен. Не е тоа поради љубомора или нешто слично, секоја чест за нив што стигнаа толку далеку. Но, тоа можев да бидам и јас затоа боли кога ги гледам. Се разбудив утрото откако фотографијата била објавена и имав околу 500 пораки на телфонот. Бев шокиран. Не се ни сетив дека Пулишиќ во тоа време бил во Челзи. Очигледно бил на проба, па не добил потпис“, изјави Том.

Девет години подоцна Американецот за 58 милиони фунти беше доведе од Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…