Бразилецот Нејмар кој воедно е најскапиот играч во историјата на фудбалот, успеа да го исполни сонот на осумгодишното девојче кое боледува од прогерија, ретка болест која предизвикува брзо стареење.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, на девојчето омилен сон и е да го запознае Нејмар, а Бразилецот истакна дека веднаш штом ќе пристигне во својата земја ќе се запознае со неа. Истото се оствари вчера.
Фудбалерот на ПСЖ под својата фотографија со девојчето ги напиша зборовите на Ана Клара: Сонувајте колку можете, секогаш пробувајте. Никогаш не се откажувајте!