Дома Македонски спорт Мак фудбал Да не е трагично би се насмеале: Најстариот македонски клуб не одржа тренинг поради – овци! (ФОТО)

Да не е трагично би се насмеале: Најстариот македонски клуб не одржа тренинг поради – овци! (ФОТО)

0

Сакаме подобар фудбал, но оваа ситуација која денес ја објави најстариот македонски клуб на својот Фејсбук профил е трагична, не можеме да кажеме смешна затоа што не е.

ФК Љуботен е најстариот македонски клуб, меѓутоа денес играчите на овој клуб не можеле да тренираат затоа што верувале или не предност добиле овците кои паселе на теренот.

„Денеска на Стариот Градски Стадион не ни беше дозволен тренинг. Наидовме на заклучена врата , а стадионот служеше за напасување на добиток. Покрај тоа што секојдневно се среќаваме со слични проблеми за време на тренинзите кои звучат банално : како напасување на крави, кози , авто школа на атлетска патека и ред други работи за кои не им е место да се објават, денеска преку ова неможе а да не реагираме. Ги замолуваме Градските власти да реагираат бидејќи овој стадион се користи исклучиво за тренинзи на млади категории на сите клубови во градот.

СО ПОЧИТ ФК ЉУБОТЕН“, стои во објавната на македонскиот клуб.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ГФК Осогово поставува стандарди во Македонија – прволигаши и сите останати учете како се работи!

Тимот на Осогово кој до минатата сезона играше во третата лига, а од оваа е второлигаш деф…