Данска по подобро изведување на пенали го победи Египет и се пласира меѓу најдобрите четири на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Данците имаа фантастично прво полувреме, во кое имаа три гола предност, но Египет се врати во второто полувреме, па дури имаше и напад за победа во последните секунди. Меѓутоа, натпреварот замина во продолженија со резултат 28:28.
Данска подобро ги отвори продолженијата и после првите пет минути имаше два гола предност. Египет во вторите пет минути успеа да ја анулира предноста па во последните секудни израмни на 34:34.
Ни после дополнителните десет минути немаше победник, па победникот се реши на пенали, каде херој за Данците беше голманот Ландин, кој одбрани два пенали.