Дома Фудбал Дали Џирона и Манчестер Сити истовремено можат да играат во ЛШ?

Дали Џирона и Манчестер Сити истовремено можат да играат во ЛШ?

Шпанскиот клуб Џирона е најголемото изненадување во најдобрите пет лиги оваа сезона. Џирона во синоќа ја победи Барселона на гостински терен со 2:4 и со тоа ја потврди одличната форма која ја покажува во текот на целата сезона.

Тие се први на табелата во шпанската лига, а потоа следуваат клубовите Реал, Барселона и Атлетико Мадрид. Како што сега стојат работите, Џирона најверојатно ќе ја заврши сезоната на едно од местата кои водат во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За да се постигне ова, доволно е да се биде барем на четвртото место на крајот од сезоната.

Но, дали на Џирона како филијала на Манчестер Сити и е дозволено воопшто да игра во Лигата на шампионите доколку во неа игра и Манчестер Сити?

Џирона стана дел од Сити фудбал груп во 2017 година. УЕФА тогаш дозволи една група да поседува повеќе од еден клуб во европскиот фудбал. Оттогаш, сопствениците на Сити финансиски и кадровски го поддржуваат овој помал шпански прволигаш.

УЕФА, се разбира, има правило кое спречува два клуба со исти мнозински сопственици да учествуваат во исто натпреварување. Но, кога станува збор за Џирона и Сити, постојат законски начини да се заобиколат правилата на УЕФА. Имено, Сити Груп не поседува ниту половина од сопственоста на Џирона, туку поседува 47 отсто од акциите.

Незгодно делува фактот што претседател на управниот одбор е Пере Гвардиола, братот на Пеп Гвардиола. За да може Џирона да игра во Лигата на шампионите, сите членови на управниот одбор кои се поврзани со Сити би морале да поднесат оставки од своите позиции.

Исто така, клубовите треба да го ограничат меѓусебното тргување со играчите, за да докажат дека нема интензивна соработка меѓу нив.

Ова не е првпат да се повлече прашањето за заедничка сопственост. Лајпциг и Салцбург без проблем играат заедно во Лигата на шампионите, а пред три години Милан и Лил играа еден против друг во Лига Европа иако имаа ист сопственик. УЕФА тогаш направи контрола и не констатира прекршување на правилата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…