Aвстралиецот, Ник Кирјос уште еднаш порача дека нема подобар тенисер од Новак Ѓоковиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тенисерот од Канбера повеќе пати во последните години ја потсетуваше јавноста на фактот дека Ѓоковиќ е сопственик на скоро сите големи рекорди и поради тоа е најдобар.
„Мислам дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња. Има 24 грен-слема и сигурно може да освои уште неколку. Според мене не го ценат колку што заслужува. На турнирите е скоро 20 години, ми се допаѓа таа долготрајност“, изјави Кирјос.
Истакна Кирјос дека е важен тимот, односно луѓето со кои сте опкружени.
„Тимот е секогаш важен, важно е да има физиотерапевт кој патува со тебе и да имаш некој кој ќе работи со тебе во теретана. Тешко е бидејќи има ден кога тенискиот меч може да трае и пет часа. Потребен е и психолог, физички сте во ред, но ментално сте исцрпени. Да се вратите од таква ситуација е една од најтешките работи“, заклучи Австралиецот.