Дома Топ вести Дали после Погба, уште еден од „отпишаните“ се враќа на Олд Трафорд?

Дали после Погба, уште еден од „отпишаните“ се враќа на Олд Трафорд?

Познато е дека минатото лето Мурињо го врати Погба, од кого се одрече Фергусон, а сега „Специјалниот“ може да ја плати скапата грешка, и тоа повторно скапо, на својот претходник Ван Гал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, Јунајтед е спремен во своите редови да го врати момчето од кое се одрекоа во 2015 и го пуштија во Барнли за околу 2 милиони фунти.

Во прашање е новопечениот репрезентативец на Англија, Мајкл Кин, кој после заминувањето од редовите на Јунајтед, стана еден од најдобрите млади дефанзивци во Премиер лигата.

Веќе неколку клуба покажаа интерес за неговите вештини и игра. Евертон наводно е во полпозиција, но нема сомнеж дека интересот од Олд Трафорд би можел да го натера Кин да го смени ставот и да се врати во својот бивш клуб.

Минатото лето Лестер се обиде да го доведе за 20 милиони фунти, но управата на Барнли го одби тоа, а се верува ова лето клубот може да се согласи за продажба на Кин за 30 милиони фунти, доколку Мурињо е спремен да искешира толку за него, секако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…