Дома Трансфер зона Дали ова е доказ дека Погба останува на „Олд Трафорд“?

Дали ова е доказ дека Погба останува на „Олд Трафорд“?

0

Во изминатата сезона во Манчестер Јунајтед беше бурно, па навивачите ќе се обидат што поскоро да ја заборават.

Во летниот преоден рок англискиот тим се спрема за големи промени во играчкиот кадар и сите се надеваат на подобри денови.

Многу прашања се поврзани околу евентуалното заминување на Пол Погба, кој имаше сезона под очекувањата. Французинот е големо разочарување, а се шпекулира дека е мета на Реал Мадрид и Јувентус.

Од Јунајтед се уште немаат одговор, но интересно е што на промоцијата на новите дресови како модел се појави токму Погба.

Дали тоа значи дека и наредната сезона ќе го гледаме во дресот на „црвените ѓаволи“, останува да видиме, но медиумите на Островот тврдат дека овој потег е голема индиција за неговото останување на „Олд Трафорд“.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Меси бара од претседателот на Барселона да го врати Нејмар на Камп Ноу

Нејмар во 2017. година во трансфер вреден 222 милиони евра ја напушти Барселона и премина …