Дома Фудбал Италија Дали Милан ги има новите Кака и Шевченко?

Дали Милан ги има новите Кака и Шевченко?

0

Спортскиот директор на Милан, Леонардо направи одличен потег во зимскиот преоден рок со ангажманот на Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек.

Двајцата беа платени по 35 милиони евра, но веднаш се вклопија во тимот и почнаа да ги оправдуваат очекувањата.

Пакета синоќа против Каљари го постигна својот прв гол во дресот на „росонерите“, додека Пјонтек веќе четвртиот на последните три меча.

Пјонтек головите против Рома и Наполи ги постигна токму на асистенција на Пакета, па навивачите веќе почнаа да ги споредуваат со легендарниот тамдем, Кака – Шевченко.


Следете го Sportski.mk и на


Премногу е рано да се прават споредби со вакви легенди, но ако по утрото денот се познава, Милан доби две големи засилувања.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вечерва се постигна најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата! (ВИДЕО)

Вечерва се постигна најбрзиот гол во историјата на Премиер лигата! Само шест секунди му бе…