Дома Трансфер зона Дали Кутињо со овој потег потврди дека си заминува од Барселона? (ФОТО)

Дали Кутињо со овој потег потврди дека си заминува од Барселона? (ФОТО)

Фелипе Кутињо во јануари минатата година во рекорден трансфер пристигна од Ливерпул во Барселона.

Вредноста на трансферот на Бразилецот изнесуваше околу 160 милиони евра што беше најголем трансфер во историјата на каталонскиот куб, но Барселона зажали поради тој потег.

Кутињо не ги прикажуваше настапите од „Енфилд“, а минатата сезона одигра 54 натпревари, но во голем број натпревари влегуваше од клупата за резерви и се најде на удар на навивачите.

Барселона во овој момент се поврзува со Нејмар и сака Кутињо да го вклучи во трансферот, а интерес неодамна покажа и неговиот поранешен клуб Ливерпул.

Изгледа и дека Бразилецот потврди дека сака да си замине, а тоа го покажа со неговиот последен потег. Имено, тој на својот Инстаграм профил отстрани се што го поврзува со Барселона, ја промени и својата профилна фотографија.’

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Eден од најважните играчи на Вардар на мета на Бешикташ!

Еден од „бисерите“ на Вардар, Али Адем со своите одлични настапи во есенскиот дел од сезон…