Реал Мадрид оваа сезона игра очајно во Примера, а поразот од Еспањол на последниот меч дефинитивно ги отпиша „кралевите“ од трката за титулата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Статистиката вели дека Реал Мадрид никогаш немал толку голема негатива после 26 кола доколку Барселона вечер го совлада Лас Палмас. Поточно тоа ќе биде најголема разлика во последните три децении.
Сезоната во која навистина „кралевите“ беа слаби беше сезоната 1990/91, тогаш Барселона им бегаше на табелата цели 16 бода. Сега, доколку Каталонците победат Реал ќе има 17 бода негатива.
Кога веќе ја споменавме сезоната 1990/91, тогаш Реал Мадрид промени четири тренери, а сезоната ја заврши Радомир Антиќ откако претходно добија отказ Џон Тошак, Алфредо ди Стефано и Рамон Гросо.