Еминентниот германски весник „Билд“ денес објави уште една информација со која алудира на наводното заминување на Роберт Левандовски од Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наводно Левандовски сака да ја промени средината и својата кариера да ја заокружи во друг клуб. Полскиот напаѓач смета дека Баерн не е повеќе конкурентен за освојување на Лигата на шампиони и тоа јавно го соопшти неодамна.
Сега „Билд“ замина и чекор подалеку и тврди дека следното лето ќе се пресели во Реал Мадрид. Весникот тврди дека напаѓачот веќе почнал на приватни часови по шпански јазик.
29-годишниот полски репрезентативец е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но оваа информација доаѓа само еден ден откако Карим Бензема го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Поради тоа треба да биде земена со резерва, а и самиот Левандовски истакна дека е среќен во Баерн.
Сепак, каде што има чад, има и огран….