Дома Фудбал Дали вчера ВАР му помогна на Реал?

Дали вчера ВАР му помогна на Реал?

Реал Мадрид вчера вечер како гостин го победи Еибар со 1:3 во рамките од 14 коло во Ла Лига.

„Кралевите“ успеаа да дојдат до нови три бода и до втората позиција на табелата, но во овој натпревар имаше и една судиска одлука која многу се коментира.

Имено, во 81. минута при резултат 2:1 за Реал играчите на Еибар бараа пенал за играње со рака на Серхио Рамос во шеснаесетникот.

Муто шутираше со глава, топката го погоди Рамос во рака меѓутоа после комуникацијата на судијата со ВАР собата одлучено е да нема пенал.

Дали Еибар беше оштетен?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битка за одлепување во Хрватска: Славен и Истра израмнети пред дуелот

Славен Белупо и Истра 1961 го отвораат 12. коло со по 13 бода. Домаќинот доаѓа по победа н…