Дома Фудбал Италија Даглас Коста го напушти карантинот и замина во Бразил

Даглас Коста го напушти карантинот и замина во Бразил

Даглас Коста е најновиот играч на Јувентус кој ја напушти земјата пред да му заврши 14-дневниот карантин.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Играчите на Јувентус беа сместени во карантин после ширењето на пандемијата коронавирус, но во меѓувреме некои играчи го прекршија правилото и заминаа во своите земји.

Најпрво тоа го направија Игуаин, Пјаниќ и Кедира, а сега карантинот го напушти и Даглас Коста.

Многу медиуми објавија дека Бразилецот добил дозвола од клубот да се врати дома во Бразил.

Со оглед на тоа дека Јуве имаше два позитивни теста во своите редови, се поставува прашањето дали е во ред на играчите да им се дозволи да го напуштат карантинот.

Да потсетиме, Ругани и Матуиди беа играчите кои беа позитивни на тестовите. Игуаин и останатите се негативни, но периодот на карантин трае до 25. март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал, Баерн, ПСЖ… Кој ќе го добие потписот на синот на Роналдо?

Младиот фудбалер кој сега настапува за Ал Наср, Кристијано Роналдо Жуниор, би можел да се …